Мазната коса е едноставно и стилско решение за секоја една дама. Сепак не претерувајте со производите за стилизирање, бидејќи во спротивно ќе добиете ефект на валкана и мрсна коса… Ефектот влажна коса е во мода во текот на летото, бидејќи за време на одмор, на плажа, тоа е речиси природна состојба на косата. Но во студените месеци овој тренд станува омилен на многу познати дами.
За да постигнете блескав и секси ретроефект, користете гел или лак за коса. Ким Кардашијан е одличен пример за токму таква фризура.