Sweet Home

Мебел за домот според фенг шуи

Според фенг шуи, во домот подобро е да има нов мебел отколку старински мебел од антикварница. Ова особено важи доколку не сте експерт за старински мебел, бидејќи со внесување на стари предмети во домот може да се внесе лоша енергија. Овој мебел може да има застоена енергија која може да не се вклопи добро со енергијата на останатиот мебел.

При изборот на комода, фенг шуи препорачува таа да нема остри рабови, туку заоблени и на тој начин да не изгледа заканувачки. Од истата причина, поповолни се и комоди кои имаат врати кои ги сокриваат отворените полици. Всушност, воопштено правило според фенг шуи е дека добро парче мебел е она парче кое нема остри, “заканувачки” ивици.

 

Избегнувајте комоди кои се работени во резба која отсликува опасни животни. Енергијата на таквите тешки парчиња мебел може да го преплави домот. Комодите кои во дизајнот имаат крстови, дијаманти и било какви врвови, не им носат среќа на сопствениците.

Кружна, овална и осумаголна маса поставена во трпезаријата е многу посоодветна отколку квадратна или правоаголна, бидејќи нема остри ивици кои ги раздвојуваат луѓето.

 

Плакарите вградени во ѕидот делуваат позитивно бидејќи ги пополнуваат аглите на собата.

 

При избор на гарнитура за седење треба да се знае дека добар распоред на елементите е постигнат кога тие формираат правилен облик: правоаголник, квадрат, или осумаголник кој се смета за исклучително поволен за распоред на мебелот во дневната соба, како и за дизајнот на прекривката на трпезариската маса.

Избегнувајте распоред на елементите од гарнитура за седење во облик на буквата L или U, бидејќи на тој начин сугерирате дека нешто не е потполно или дека нешто недостасува.

Напиши коментар