Здраво тело

Медитеранците живеат поквалитетен и долговечен живот!

Медицинскиот магазин „New England medical Journal” објави истражување во кое биле  22 000 Грци, кои применувале принципи од медитеранската исхрана. Истражувачите добиле резултати кои покажале дека Грците живеат подолго од останатите истражувани. Исто така, магазинот на Американското медицинско здружение објавило извештај за полезностите од медитеранската исхрана. Истражувањето е правено по пример од 2000 луѓе во старосна граница меѓу 70 и 90 години, кои биле истражувани цели 11 години.Тие кои се придржувале кон медитеранската исхрана, умерено конзумирале алкохол, не пушеле цигари и биле физички активни, процентот на веројатноста да починат за време на истражувањето била за 50% помала од вообичаената.

Сите фактори се важни, но некои истражувачи пробале да најдат причина за долговечноста на медитеранците во само еден изолиран фактор во нивната исхрана, на пример во маслиновото масло, или виното, но на крај изгледа дека не може тој феномен така лесно да се објасни. Маслиновото масло е влезено во употреба низ целиот свет, но не направило толкава промена на општото здравје. И затоа, во медитеранскиот начин на исхрана, очигледно сите детали се важни. Исто така, покрај исхраната има и други фактори на долговечноста на медитеранот. Овие луѓе имаат ведар однос кон животот, тие уживаат во храната со семејството и пријателите. За нив оброкот е уживање и опуштање, а порциите не се големи.

Write A Comment