Здраво тело

Медот е богатството на природата!

Ме­дот е најз­дра­ви­от и нај­до­бри­от про­из­вод што ни го да­ла при­ро­да­та. Бла­го­да­ре­ние на го­ле­ми­от број со­стој­ки што ги со­др­жи, ме­дот се упо­тре­бу­ва во се­којд­нев­на­та ис­хра­на ка­ко здра­ва хра­на, но и ка­ко лек. Тоа што е мно­гу важ­но да го знае се­ко­ја до­ма­ќин­ка е фа­ктот де­ка ме­дот е про­из­вод што не мо­же да се рас­и­пе. Ако до­ма има­те тег­ли со мед, кои се ста­ри по­ве­ќе го­ди­ни, во­оп­што не гри­же­те се, мо­же­те сло­бод­но да ги упо­тре­бу­ва­те. Го­ле­ми­те ко­ли­чес­тва ше­ќер, окси­да­тив­ни­те ен­зи­ми и ни­ски ко­ли­чи­ни на PH-вред­но­сти не доз­во­лу­ва­ат да се раз­ви­јат ми­кро­ор­га­низ­ми. По по­долг пер­и­од ше­ќе­рот мо­же да се стврд­не, а тоа мо­же­те мно­гу лес­но да го ре­ши­те, до­кол­ку ја ста­ви­те тег­ла­та мед во тен­џе­ре со мла­ка во­да и ја оста­ви­те та­ка да по­стои. За не­кол­ку ча­са ме­дот по­втор­но ќе би­де во теч­на со­стој­ба. Ме­дот има тол­ку хран­ли­ви со­стој­ки што мо­же да ги на­до­пол­ни си­те не­до­ста­то­ци во ис­хра­на­та. Ну­три­ци­о­ни­сти­те ве­лат де­ка со зе­ма­ње ед­на ла­жи­ца мед на­у­тро и на­ве­чер, ги за­до­во­лу­ва­те си­те днев­ни енер­гет­ски по­тре­би.

Ако са­ка­те ше­ќе­рот да го исфр­ли­те од упо­тре­ба, по­ра­ди не­го­во­то штет­но вли­ја­ние врз ор­га­низ­мот, мо­же­те по­сте­пе­но да поч­не­те да го за­ме­ну­ва­те со мед, но при­тоа тре­ба да вни­ма­ва­те на со­од­но­сот.

Ме­дот е пос­ла­док и по­густ од ше­ќе­рот и за­тоа тре­ба да вни­ма­ва­те ко­га при под­го­тву­ва­ње хра­на ста­ва­те мед ме­сто ше­ќер. Ако ста­ви­те по­го­ле­мо ко­ли­чес­тво мед, мо­же­те це­лос­но да го сме­ни­те вку­сот на ја­де­ње­то.

Ед­на ла­жи­ца ше­ќер, ко­ја има око­лу 15 гра­ма, се за­ме­ну­ва со ед­на ма­ла ла­жич­ка мед.

Би­деј­ќи ме­дот е те­чен, при при­го­тву­ва­ње на хра­на тре­ба да зна­е­те де­ка те­сто­то  мо­же да би­де по­леп­ли­во и пов­лаж­но, за раз­ли­ка од те­сто­то во кое има ше­ќер.

Напиши коментар