ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 1/2кг брашно
* 300мл млака вода
* 1 свеж квасец
* 2 лажичиња сол
* 1 лажиче шеќер
* 150гр кечап
* 1 кесичка оригано
* 200гр шунка
* 200гр кашкавал
* 1 јајце
* 100гр сусам
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Квасецот потопете го млака вода, додадете го шеќерот и солта и оставете го на топло место, да нарасне. Потоа надојдениот квасец измешајте го со брашното и замесете меко тесто, да се двои од прстите. Оставете го на топло место покриено околу 1 час да надојде.
Кога тестото ке биде подготвено, ставете го на побрашнета површина, премесете го и поделете го на топчиња (8-10 топчиња, големина по избор).
Секое топче растегнете го со сукало, на половина ставете кечап измешан со оригано, одозгора шунка и рендан кашкавал.
Затворете ја панцеротата со вилушка и малку избоцкајте ја одозгора. Ставете ги панцеротите во плех подмачкан со масло и премачкајте ги со јајце, па посипете ги со сусам.
Печете околу 20 минути на 200 степени.
