Мојата кујна

Меки и домашни, печени перечиња

Да ги изненадиме најмладите во саботното утро со меки домашно печенипереци

Потребно е:

  • 340 гр брашно, просеано
  • половина лажиче сол
  • 1 лажица шеќер
  • 2 + 1/2 лажичиња сув квасец
  • 230 мл топла вода
(за премачкување):

  •  120 мл топла вода
  •  1 лажичка сода бикарбона
  • 3 лажици растопен путер
  • морска сол за попрскување на переците

Подготовка: Топлата вода ставете ја во сад во кој ќе ги ставите квасецот и шеќерот. Малку промешајте и оставете да се активира квасецот. Во друг сад ставете ги брашното и солта, просеани и полека, со мешање, додавајте ја течноста со квасецот. Мешајте додека да добиете меко тесто. Месете го тестото додека да биде меко и да не се лепи. Повремено, додавајте брашно ако гледате дека се лепи. Покријте го со крпа и оставете го на топло да го удвои волуменот, околу 40 минути. Рерната загрејте ја на 230 целзиусови степени. Нараснатото тесто ставете го на набрашнета работна површина и со нож поделете го на 8 парчиња. Од секое парче формирајте перек.

Write A Comment