Добро искомбинираниот урбан стил на источната обала се спојува со западната обала и во новата колекција есен/зима на Мајкл Корс ќе видите многу занимливи комбинации и парчиња облека.
Во колекцијата, тренерките се направени од кашмир, џемперите се многу удобни, а долгите капути се инспирирани од вреќите за спиење. Со нијанси на јаглен и земјените бои, силуетите кои ни се претставени во оваа колекција се состојат од маици и кошули со карирани и иштрафтани принтови, со многу лесен и опуштен крој. Колекцијата е наменета за урбаните машки кои во секој момент од денот сака добро да изгледа.

