ШоуБиз

Михаел Шумахер покажува охрабрувачки знаци, дали ќе се разбуди од кома?

Сабина Кем, менаџерката на Михаел Шумахер изјави денеска дека постои охрабрувачки но минимален напредок во опоравувањето на шампионот на Формула 1.

Иако од несреќата постојано се шпекулира за здравјето на Михаел Шумахер, неговиот ПР Сбина Кем одлучи да им се обрати на медиумите и да ги демантира насловите кои се појавија во текот на минатата недела, во кој се велеше дека шампионот на Формула 1 е пред смрт.

“Ние сме убедени дека Михаел ќе се разбуди и ќе се опорави. Постојат мали, но охрабрувачки знаци, но знаеме дека мораме да бидеме трпеливи”, изјавила Кем и додала: “Тој претрпе неколку повреди и на сите им е тешко да сватат дека повредениот е во така банална ситуација и дека повредите се опасни по живот, но далеку од тоа деќа е пред умирање”.

Лекарите, семејството и тимот на Михаел Шумахер силно веруваат во неговото опоравување и ги молат медиумите да бидат трпеливи и да не даваат никакви изјави пред време.

“Сите знаеме дека мора да бидеме трпеливи. Пробуваме да дадеме се од себе и да го разбудиме Михаел од кома. Силно веруваме дека нашата позитивна енергија влијае на него и дека ќе успее да ја добие оваа битка”, изјавила Сабина Кем.

 

Напиши коментар