ШоуБиз

Мила Кунис и Ештон Качер чекаат бебе!

Се шпекулира дека холивудската двојка се на вистински пат за да се остварат во улога на родители.

Актерката Мила Кунис и нејзиниот дечко Ештон Качер веќе со месеци се обидуваат да добијат дете, а Мила веќе почнала да зема витамини кои се користат во рана бременост.

Странските медиуми веќе шпекулираат дека Кунис е веќе бремена, бидејќи како што навеле, веќе извесно време не ја отстрануваат насмевката од лице.

Мила го сменила и стилот на облекување и се почесто носи широки маици и џемпери, па затоа и се сомневаат дека се обидува да го сокрие стомакот.

Желбата и плановите за потомство настанаа кога Мила му покажа бебе од магазин на Ештон, по што откриле дека и двајцата би сакаат да се остварат во оваа улога, вели изворот.

Write A Comment