Спорт

Минесота доминантни над Лејкерси

Леброн Џејмс во победата на Мајами имаше учинок од 17 поени, 10 скока и 12 асистенции.

Минесота на домашен терен ги декласира Лејкерси со 143:107, во натпревар во кој Кеви Лав забележа „трипл дабл“, а дури осум кошаркари на Минесота постигнаа двоцифрен број на поени. Пековиќ со 26 поени беше најефикасен кај победникот, додека Лав мечот го заврши со 22 поени и по 10 скока и асистенции.

Кевин Дурент се наоѓа на три натпревари од рекордот на Мајкл Џордан, откако против Сакраменто за три четвртини постигна 29 поени. Оклахома го победи Сакраменто со 94:81 и го задржа второто место во Западната конференција.

Орландо забележа победа над Шарлот со 110:105, а мечот го обележа Црногорецот Никола Вучевиќ, кој го предводеше Орландо со 23 поени 24 скока.

Вашингтон ја совлада Индијана со 91:78, Џон Вол со 20 и Марцин Гортат со 17 поени и 12 скока го предводеа тимот од главниот град до победата.

 

Напиши коментар