Првата дама на САД Мишел Обама и се довери на венецуелско-американската дизајнерка за тоалетата за официјалната вечера во чест на францускиот претседател Франсоа Оланд. Официјалниот фустан на Carolina Hererra ја одразува француската естетика.
Горниот дел на фустанот е со црна рачно изработена чипка и везови со остро деколте и тесни ракави до лактите. Здолништето од сина свила со шелп е во комбинација со црн појас од кадифе. Бојата на здолништето е симбол на сината боја на знамињата на САД и Франција.



Ова не е прв пат Мишел да носи фустан од оваа позната креаторка. Минатата година во јуни таа блескаше во сиво-црн фустан од Каролина Херера на вечерата со германската канцеларка Ангела Меркел во Берлин.

Дека Каролина е една од омилените креаторки на госпоѓата Обама покажува и фотографијата на која таа носи тегет-бел фустан со цветни детали.

Меѓутоа, Мишел има и други миленици од светот на високата мода. Така во неколку прилики таа носеше фустани од Џејсон Вуа, кому му припадна честа на инаугурацијата Мишел да ги носи токму неговите креации.



