Убавина

Многу жени ги занемаруваат, но тие се првите знаци за стареење

Не треба да ви се случи поради негата на лицето и грижата само за брчите околу очите, ги заборавите другите делови од телото, како што е вратот, колената итн..

Врат – не е тајна дека жените трошат многу пари за убавина на лицето, но често забораваат дека не е само лицето кое ги издава годините. За почеток вратот е дел од телото на кое треба да му посветите големо внимание. Кремите и препаратите кои ги ставате на лице, ставајте ги и на вратот.

Деколте – поради изложеноста на сонце и на ова подрачје се создаваат брчки, како и поради долгогодишното спиење на една страна. Исто како и вратот и деколтето треба да го масирате со одредени препарати и да нанесувате заштитни креми со висок фактор.

Раце – не е никакво изненадување дека рацете заслужуваат посебна нега и секојдневна хидратација.

Колена и лакти – обидете се на колената да нанесете екстра крема, а секој пат кога се туширате треба да ги поминете со луфа.

Write A Comment