Мода

Моден тренд: Оваа година тексасот се носи и на аксесоарите

Тексасот важи за безвременски моден тренд, бидејќи е составен дел од сечија гардероба, без оглед на модната сезона и годишното време. И покрај тоа што, од сезона во сезона, го користат сите големи брендови, со овој сестран материјал се повеќе манипулираат и луксузните дизајнери.

Дека тексасот дефинитивно е преминат во сферата на високата мода, докажуваат колекциите од познатите модни куќи за 2014 година, кои го наметнаа трендот “denim on denim”. Комбинациите во кои тексасот се комбинира со тексас ги сугерираат Alexander McQueen, Balmain, Christopher Kane, Louis Vuitton и The Row, па не требаше долго да чекаме за тексас аксесоари.

Дизајнерските предлози кои ќе се појават со доаѓањето на пролетта се поотмени од кога и да е и ќе бидат шик додаток за секој дневен, но и вечерен стајлинг.

1

6

2

3

4

5

 

Напиши коментар