Резиденцијата Hawthorn во Австралија му припаѓа на семејство со три момчиња тинејџери. Дизајнерите од Canny успеале да создадат место, кое ќе ја обезбеди приватноста на секој, но истовремено и место кaдe може да се собере целото семејство. Резултатот е неверојатен дом, кој комбинира класични и модерни елементи.
Првото нешто што го привлекува вниманието е совршената фасада на куќата. Внатре, овој дом плени со својот модерен ентериер во бела и кафена боја. Големите прозорци од подот до таванот нудат прекрасен поглед кон дворот. Резиденцијата има современа кујна и пространа трепезарија. Исто така има и голема визба за вино.
Еве и неколку слики од оваа неверојатна резиденција!













