Џинс шорцевите во лежерни варијанти ги носиме со класични сакоа, но и со кошули од истиот материјал. Чипканите шорцеви изгледаат одлично со свилена кошула, но и со памучна маица со натпис.
Хит оваа сезона се кратките шорцеви искомбинирани со сако. За најдобар впечаток бирајте впечатлива боја – бела, жолта или розова.