man fashion

Модни совети како да не погрешите!

Мора да знаете дека дeвојките ве скенираат од глава до пети, па немој да се изненадите ако го исмејуваат вашиот стил на облекување. За во иднина да не дојде до овој потсмев, запазате го следново:

  • Кога ќе е топло не заборавајте дека кратките шорцеви не му стојат добро на секого. Широките и долги шорцеви под колена можат исто да бидат тотален ужас, внимавајте.
  • Шорц? Модна храброст со која треба многу да внимава. Во соодветна прилика може да се појавите и со елегантни шорцеви кои одговараат на елегантна кошула, но доколку шорцевите не се складни со кошулата, очекувајте многу прсти вперени во вас.
  • Јадранките кои се носат под туш, на плажа или во двор, се комбинираат со кратки фармерки или пантолони.
  • Ако сакате модни додатоци тогаш марамата околу врат е во ред, но ланецот околу вратот дебел два прста, само може да ве направи мета за потсмев. Не се враќајте во српските филмови од 80-те.
  • Шеширите се супер, но носете ги само кога имате потврда дека ви стои супер. Во спротивно ќе изгледате како кловн.
  • Знаеме дека сакате спортски активности, но навивачките маици и сите оние кои упатуваат дека сте фан или член на некој клуб, носете ги кога сте на терен.
  • Широки пантолони, широки маици… не сте торба, маж сте!
  • Разбираме дека ги сакате оние мали торбиња кои се носат преку рамо, но нив заборавте ги на работа.
  • Кратка маица со танки нараменици и испечатен змеј на грбот… подобро излезете гол.
  • “V” деколте е во ред, но сепак тој изрез да биде нормален. Оној подлабокиот не зборува добро за вашата машкост.

 

Напиши коментар