Art & Crafts

Моќна маска против митисери од само 2 состојки!

Здравиот начин на исхрана, хидратацијата и внимателна нега на лицето и телото се најдобрите сојузници на убавата кожа. Доколку сакате да се ослободите од досадните митисери послужете се со овој трик.

Сокот од лимон е еден од најмоќните помошници во борбата против мастите и бактериите – како во домаќинството, така и во подготовката на козметичките препарати.

Сокот од лимон се покажа како одлична алатка и во борбата против митисерите и затворање на порите на кожата.

Белката од јајце е исто така одличен сојузник на здраво и чисто лице. Знаете ли што се случува кога ќе ги споите овие две состојки?

Состојки за маска против митисери

1 белака ( внимателно одвоете ја од жолчката)

1 лажче свежо исцеден сок од лимон

Подготовка и употреба:

Изматете ја белаката така да добиете изедначена смеса. Во неа додадете го сокот од лимон.

Измијте се со топла вода со цел да ги отстраните евентуалните нечистотии од лицето ( не ја оптеретувајте кожата со сапуни или гелови за чистење на лицето)

Нанесете ја маската за лице со четка од природни влакна на целото лице исклучувајки го подрачјето околу очите. ( Доколку случајно маската допре до очите, веднаш измијте ја со топла вода!)

Оставете ја маската да делува 20-25 минути.

Излупете ја маската од лицето.

На крајот ставете од вообичаената дневна крема за лице, а особено ефикасна ќе биде онаа на база на камилица.

Write A Comment