man fashion

Мора да внимавате дури и на долната облека

Стилот и состојбата на вашата долна облека кажува многу за вас, а она што жените го мислат за вас, е доста важно.

Слип боксерки, Доколку во вашиот плакар имаш слип боксерки останати од средношколските денови, веднаш замени ги со нови, покласични.  Овој поширок модел на шорцови е вишок багаж кој треба да го носиш под твоите пантолони и тесни фармерки. Тие се старомодни, досадни, непријатни и се последното нешто што сакаат жените да го видат на тебе.

Бели гаќи, Секако, нивното име му дава лоша репутација. Но, вистината е дека нема ништо поудобно од свежи и чисти памучни гаќи. Надгради го твојот асортиман на секои шест месеци, а старите фрли ги во ѓубре. Доколку го сакаш овој вид на долна облека, побарај модерна варијанта – не традиционалниот тип со џебче на предниот дел. Во секој случај твојата надареност ќе виде забележана.

Тесни боксерки, Тие се потесна, намалена верзија на оригиналните. Овие боксерки не се широки и долги, а се покомотни. Моделот дизајниран за повозрасите нема да го најдеш со класичните детски принтови – може да го купиш во еднобојна верзија, со суптилни ленти или принт со точки. Тие се боксерки за мажи, а кога ќе ги носиш жените ќе те третираат како таков.

Класични боксерки, Овој пар е совршена комбинација на тесни боксерки и кратки шорцови. Тие обезбедуваат доволно простор и удобност, а во исто време обезбедуваат и поддршка со минимална количина на ткаенина. Совршен број на ова парче говори „мачо“. Се додека тие не се растегнати или со дупки, жените ги обожаваат.

Напиши коментар