← НАЗАД НА БОЗА

Морате добро да го измиете зеленчукот!

Морате добро да го измиете зеленчукот!
2923 Читања

Зеленчукот прво добро ќе ги измиете само со вода. При тоа, не е добро да користите никакво хемиско средство, затоа што раствореното средство ќе навлезе преку нежната структура на кората или луспата на зеленчукот. Но исто така немојте ни предолго да ги држете потопени во вода, затоа што може дел од хранливите материи да се растворат во водата која потоа ќе ја исфрлите.

Најдобро е зеленчуците да ги лупите многу тенко, затоа што во кората или лушпата и во месото веднаш под неа се содржат многу хранливи материи. Ако имате зеленчук кој е одгледан без додаток на вештачки ѓубрива може и воопшто да не го лупите. Тоа се однесува на тиквичките, краставиците, морковите … Има некои зеленчуци кои е неопходно да ги излупите, како целерот, цвеклото, но обидете се да исфрлите што потенка лушпа.

Кога ги подготвувате зеленчуците за динстање и кога треба да ги исецкате, направете го тоа пред самото готвење, не ги оставајте долго исецкани. Посебно кога се исецкани, немојте долго да ги држите во вода што нема да ја употребувате во готвењето бидејќи на тој начин ќе исфрлите многу хранливи материи заедно со водата. 

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk