Неименуван фармер од Бразил сам возел до болницата, иако во главата имал забоден нож долг 10 сантиметри. Освен тоа што лично дошол до медицинската установа, овој Бразилец бил потполно свесен и нормално разговарал со лекарите.
Откако пристигнал во болницата лекарите го оперирале и успешно го извадиле ножот од неговата глава.
Не е познато на кој начин фармерот се повредил, како и тоа дали е можеби нападнат. Познато е само дека Бразилецот е примен во болница во градот Баура 5. Јануари.
Инаку, истиот ден светот го заобиколи веста за Кинезот кој сам себе си забодел шајка во глава и кој исто така преживеал.
