Дестинации

Москва користи посебни методи за подобрување на временската прогноза!

За разбивање на облаците се користат чисти еколошки реагенси на база сребро–јодид, сув мраз и фин цемент. Процесот кој метеоролозите го нарекуваат сеење на облаци, е врз основа на концентрирана влага во јадро на напрскани реагенси.

Како резултат, дождот или градот паѓа пред случувањето и со тоа се спречува уништување на свеченоста.

Бирјуков објаснил дека градската власт нема да дозволи лошото време да го спречи одржувањето на оваа традиционална воена парада и нема да дозволи да го расипе расположението на луѓето и гостите, па токму поради тоа презема вакви активности со кои ќе создаде погодни временски услови. Потребните активности ќе се спроведуваат од 6:00 часот наутро па се до полноќ на 9ти мај. За создавање на свечените временски услови ангажирани се десет единици на авиотехника кои ги разбиваат облаците.

Трошоците за нивната работа изнесуваат точно 1 милион евра. Традиционално, во Москва врнежливите облаци се разбиваат на три празници, Денот на победата (9ти мај), Денот на Русија (12ти јуни) и Денот на градот (првата сабота во септември).

Напиши коментар