Мојата кујна

Можно е (и вкусно е): Торта без шеќер, без брашно, без путер, без…

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 250гр бадеми

* ½ лажиче пециво

* 2 јајца

* 1-2 лажици мед ( но ако ставате шеќер тогаш 85гр)

* ½ лажче цимет

* 2 големи банани

* 2 лажици какао

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Бадемите сомелете ги во блендер

Додадете ги јајцата, бананите, пецивото, циметот и медот

одвоете еден дел од смесата и во него додадете какао

Во плех ставете хартија за печење, додадете ја половината од смесата без какао, потоа смесата со какао, но не до самиот врв.

На врвот ставете повторно од смесата без какао

Украсете со малку банани и сецкани бадеми.

Печете околу 40 минути.

 

Write A Comment