Motherhood

Мозокот на мајката расте по породувањето

Терминот “бебешки мозок” е мит, тврдат научниците по откритието дека мозоците на жените всушност растат за време на мајчинството.

Едно народно верување тврди, дека свеста на жените станува каша за време на бременоста и раѓањето, но тоа е сосема погрешно, бидејќи сивата материја всушност се зголемува, појаснуваат научниците.

Истражувањето објавено во Behavioural Neuroscience, покажува дека обемот на мозоците на младите мајки всушност се зголемува, бидејќи се соочуваат со промените во начинот на живот заради новороденчето.

Мајките кои зборуваат најмногу за своите деца, имаат и најголемо зголемување во клучните делови на мозокот.

Кај возрасните сивата материја на мозокот обично не се менува брзо, без значително зголемување на знаењето, мозочни оштетувања или болести, или големи промени во животната средина.

Авторите шпекулираат дека нивото на хормоните и потребата за справување со предизвиците поврзани со едно бебе, доведува до зголемување на мозочните клетки.

Засегнатите области се поврзани со мотивацијата (хипоталамусот), емоциите (амигдалата) и сетилата (париеталниот лобус).

Мајките кои најентузијастички ги оценуваат нивните бебиња како посебни, убави, идеални, совршени, итн, е многу поверојатно да развијат поголеми мозоци од жените кои се помалку исполнети со восхит во клучните области, поврзани со мајчинската мотивација.

Напиши коментар