За да имате негувана и здрава коса не ја мијте секој ден. Тоа ќе предизвика само побрзо и зголемено мастење на косата.
Стилистите советуваат: ако имате масна коса мијте по обратен редослед. Најпрво ставете регенератор, а потоа шампон.
При пречесто миење на косата трпи кожата на главата. Секојдневната употреба на шампони кои имаат антибактериски својства може да предизвикаат сушење на кожата во голема мера што е многу веројатно да ви се појави првут.
Фризурата одберете ја во согласност со вашиот тип на коса. Доколку имате масна коса одберете фризура која е лесна за доржување и нема да ве тера постојано рацете да ви бидат во неа, тоа дополнително ќе ја измасти косата.
Совет плус: Ставајте маски за коса со лимон, свежо исцедениот сок од лимон ќе ви биде од голема помош.
