Спорт

На љубовницата на Тајгер Вудс и се заканува тужба: Порно актерката не плаќа алиментација!

Вившата љубовница на најдоброит голфер на светот Тајгер Вудс, Џослин Џејмс има долг за алиментација кон таткото на своето дете околу 20.000 долари.

Џослин чије вистинско име е Вероника Сивик, врвот на славата го остварила во 2009 година. Тогаш е откриено дека била една од љубовниците на прочуениот голф играч. Таа никогаш не ја демантирала оваа информација, а благодарејќи на врската со Вудс, добила бројни улоги во порно филимовите.

Џослин одлучила повторно да го привлече вниманието. Американските медиуми пренесуваат дека порно актерката се нашла на листата на најбарани личности кои не плаќаат алиментација во државата Вашингтон.

Нејзиниот вкупен долг за издржување на 14-годишниот син изнесува 20.000 долари. Џослин треба на неименуваниот татко месечно да му исплатува 632 долари, но тоа не го направила веќе неколку години.

Власта во Вашингтон планира да ја тужи заради непочитување на судската одлука

Напиши коментар