Спорт

На работ на егзистенција: Синот на Мухамед Али живее во сиромаштија и не може да го види татка си

Синот на легендарниот Мухамед Али ја обвини жената на боксерот Лони, дека не му дозволува да го види својот татко.Мухамед Али Јуниор (41) живее од социјална помош и од бонови за храна, во мал двособен стан во сиромашен крај на Чикаго, заедно со сопругата Шакира и две ќерки Амира (6) и Шакер (5). Јуниор нема работа, а во моментов заработува чистејќи снег во соседството.

Мухамед Али Јуниор изјавил дека последен пат го видел татка си пред една година, за неговио 71. роденден. Легендариниот боксер на 17. јануари наполнил 72 години, а неговиот син вели дека не можел ни по телефон да му посака среќен роденден. За тоа ја обвинува четвртата жена на боксерот Лони, со која Али е во брак веќе 27 години.

“Проблемите започнаа оној момент кога се оженил со Лони. Од тогаш веќе не можеме да го видиме. Тој не може да го види ни својот роден брат заради неа”, изјавил Мухамед Али Јуниор.

Мухамед Али боледува од паркинсова болест, а Јуниор вели дека повеќе од се сака да го види својот татко пред неговата смрт. Октрива дека се обидел да стапи во контакт по телефон, но нема пари да отпатува кај него во Кентаки.

“Се обидов да му се јавам за роденден, но никој не одговори. Кога некој се јавува на телефон, обично велат дека мојот татко се тушира, спие или дека е на терапија. Не би требало да закажувам за да го видам мојот татко”, додал Јуниор.

Тој тврди дека не го интересираат пари, но вели дека е сигурен дека татко му би му помогнал. Истакнува дека само сака повторно да биде дел од неговиот живот и да поминува што повеќе време со него.

Од друга страна оние кои ја бранат Лони, велат дека таа само се обидува да го заштити Мухамед Али од членовите на семејството кои ја сакаат само неговата слава.

Бившиот светски шампион има вкупно девет деца, седум ќерки и два сина – од вториот брак со Белинда Бојд го има синот Мухамед Али Јуниор, а во бракот со Лони го посвоил Асад (22).

Напиши коментар