Здраво тело

На телото му е потребен сон!

Ако сакате да бидете во добра форма морате да мислите и на сонот, луѓето кои спијат малку или многу, имаат проблем со дебелина. Помалку од 6 часа или повеќе од 9? Ако држите диета морате да спиете од 7 до 8 часа во непрекинат сон. Луѓето кои навечер спијат помалку од 6 часа или повеќе од 9 веројатно би имале проблем со тежината, ова е резултат на едно ново американско истражување кое ги поврзува двете работи – сонот и големината на стомакот.

Освен тоа откриено е дека слаб сон имаат честите пушачи, физичките неактивни лица и лицата склони кон алкохол.

Др. Рон Крамер од American Academy of Sleep Medicine вели: “Податоците покажуваат дека лицата кои спијат малку или многу имаат проблем со дебелината.”

Студијата е спроведена на 87.000 возрасни американци во период од 2004 до 2006 година.

Околу 33% од оние кои спиеле помалку од 6 часа биле склони на гојазност, а 26% дебели луѓе спиеле повеќе од 9 часа или повеќе. Во групата во која  се спиело оптимално претежно биле оние послабите, а само 22% биле дебели.

Write A Comment