Motherhood

На жените им е подосадно во брак и први губат интерес

Верувале или не, постојат дури 70 начини на кои досадата може целосно да го уништи бракот, а интересот за него почесто го губат жените – потврдило најновото истражување на Универизтетот Винипег во Канада. И што е уште полошо, многумина денес на бракот гледаат како на „работа“!

Во истражувањето учествувале 88 парови кои одговарале на бројни прашања за својот љубовен живот. Изненадува податокот дека тие понудиле дури 70 различни описи на досадата.

Поголемиот број од нив одговориле дека бракот е досаден и монотон, дека недостасува забава, дека има премалнку разговор и романтика и што е најлошо од сè, многумина од нив на бракот гледаат како на работа или одредена зададена задача.

Таквите податоци фрлаат црно светло на бракот како институција, па многумина се прашуваат дали како таков бракот ќе успее да опстане во иднина.

Write A Comment