Секако, важно е сите состојки да ви бидат при рака, но откако ќе го вклучите миксерот, слободно гледајте на часовникот.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 100гр црно чоколадо
* 300мл слатка павлака
* 50гр шеќер во прав
* 1 белка
* 2 лажици ликер “амарето”
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Искршете го чоколадото на ситни коцки. Во сад ставете половина од павлаката и ставете ја на оган додека не почне да врие. Отстранете од огнот и додадете ги парчињата чоколадо постојано мешајќи додека не се стопат. Ставете во чинија за матење, а неа ставете ја во сад со вода полна со мраз. Додадете ја останата павлака и ликерот. Матете додека на површината не се појават меки врвови од пена.
Во друг сад изматете ја белката со шеќерот во прав. Полека, со жица измешајте ја чоколадната смеса и изматената белка и послужете во добро изладени чаши. Украсете по желба.
