Дестинации

Најдепресивните места во светот

Научниците од австралискиот Универзитет Квинсленд истражувале во кои краеви на светот луѓето најмногу патат од депресија.

Дијагнозата на клиничка депресија ја имаат повеќе од четири проценти од светската популација!

Во државите во кои е развиена свеста за оваа појава и каде населението има полесен пристап до институциите во кои можат да се лекуваат од депресија, постојат податоци за поголем процент на депресија, за разлика од средините каде пореметувањето на менталното здравје се смета за табу тема и каде токму поради тоа, забележен е понизок процент на депресија.

Најмал процент на депресија забележен е во Источна Азија, Австралија, Нов Зеланд, југоисточна Азија, додека на Блискиот исток, во северна Африка, источна Европа и на Карибите повеќе од пет проценти од населението пати од депресија.

А, доколку се зборува за конкретни држави, научниците утврдиле дека од ова ментално пореметување најмнгу страдаат луѓето во Авганистан, а најмалку во Јапонија.

Write A Comment