Дестинации

Најдобар хотел во светот е…

Најголемата туристичка заедница во светот TripAdvisor го избра гранд хотелот “Кроненхоф” (Kronenhof) во Понтрезина, Швајцарија за најдобар хотел во светот. Класификацијата е направена со гласање, а оценките биле врз основа на услуга, квалитет и цнена на услугата.

Посебно внимание е посветено на односот на персоналот, луксузот и романтиката во хотелот. Во рангирањето учествувале околу 2 милиони корисници.

Второто место според TripAdvisor му припаѓа на комплексот Upper House во Хонгконг, кој е определен како “вистинска оаза”. Трет во класификацијата е Gill Lankanfushi на Малдивите.

Напиши коментар