Убавина

Најдобриот домашен пилинг за тело

Станува збор за пилинг кој многу едноставно ќе го направите, а е толку ефикасен што нема да ви текне после ова да купите готов производ. Наш совет е секогаш да избирате природни производи за нега на вашата кожа бидејќи готовите производи повеќе или помалку содржат хемикалии кои не се добри за вашата кожа.

За приготвување на пилингот ќе ви треба: кокосово масло, листови од роза, кафеав шеќер и неколку лажици бадемово масло. Во тегла најпрво го исипувате кокосовото масло, потоа листовите од роза, кафеавиот шеќер и најпосле го исипувате маслото од бадем. Оставете еден ден да отстои вака во фрижидер, следниот ден промешајте добро и пилингот е готов. Се чува во фрижидер.

Write A Comment