ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
*c500гр кори
* 300гр сецкани ореви
* 100гр мелени бисквити
* 250гр путер
ЗА СИРУПОТ:
* 700гр шеќер
* 3,5дл вода
* 1 лимон
* 1 лажица ванилин шеќер
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете две кори една преку друга, а потоа исечете ленти со должина од 30см и ширина 7см. На почетокот на лентата ставете малку сецкани ореви и малку мелени бисквити, а потоа лентата завиткајте ја наизменично, да формирате триаголник. Готовите баклави наредете ги во плех една до друга, а потоа секоја баклава малку засечете ја со нож на неколку места. Истопете 250гр путер и додека путерот е сеуште топол полиете од него врз секоја баклава. Почекајте 2-3 минути додека путерот не упие.
ПОДГОТОВКА НА СИРУПОТ:
Сварете 700гр шеќер во 3,5 литри вода, па додадете го шеќерот од ванила и исцедете лимон.
Баклавите печете ги во претходно загреана рерна 40 минути на 170 степени. Откако ќе се испечат полиете ги (додека се сеуште топли) со претходно изладениот сируп.
