ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 80гр путер
* 1,25дцл млеко
* 125гр брашно
* малку сол
* 3 јајца
ЗА ФИЛОТ:
* 200мл шлаг
* 1 јајце
* 30гр шеќер
* 1 лажиче екстракт од ванила
* 1 лажиче густин
ЗА ЧОКОЛАДНАТА ГЛАЗУРА:
* 50гр чоколадо
* 1 лажица шеќер
* 1 лажиче густин
* 50мл млеко
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Ставете ги млекото и путерот да зовријат, додадете сол и брашно и брзо мешајте да не се создадат топчиња. Отстранете ги од огнот, малку да се изладат и додавајте едно по едно јајце. Со шприц за тулумби правете еклери, печете ги 5 минути на 200 степени па 25 минути на 180 степени. Потоа исклучете ја рерната и оставете ги еклерите да се изладат во неа. Откако ќе се изладат пресечете ги по должина и филувајте ги.
ФИЛ:
На пареа изматете ги јајцето и шеќерот, додадете едно лажиче екстракт од ванила. Изладете го кремот и во него малку по малку додавајте ја павлаката за шлаг и матете. Со кремот филувајте ги еклерите.
Глазура од чоколадо:
Мелкото, шеќерот и чоколадото ставете ги на оган да се истопат. Додадете го гусинот и мешајте. Глазурата премачкајте ја врз еклерите.