Дестинации

Најдобрите нудистички плажи во светот

Искусните нудисти велат дека се потребни само 15 минути за да се прилагодите на волшебствата на нудистичките плажи.

Ви претставуваме некои од најпознатите плажи кои претставуваат вистински рај за нудистите.

Little Beach се наоѓа на Хаваите и претставува плажа која е многу посетена бидејќи таму може да дојдат нудисти од било која возраст и националност. Исто така, кога заоѓа сонцето се организираат и забавни програми со музика каде можете да се дружите.

Haulover Beach се наоѓа на Флорида и позната е по својата километарски долга песочна плажа. Оваа позната плажа е многу популарна во Мајами и претставува вистински магнет за туристите од сите делови на светот.

Secret Cove се наоѓа во Невада во природа, и во почетокот била тајна плажа за која не знаеле многу луѓе, но денеска тоа веќе не е случај. Мазните карпи и чистиот воздух се нешто поради што многу нудисти се одлучуваат токму таму да го пронајдат својот мир.

Abrico Beach е популарна нудистичка плажа во Бразил која им посакува добредојде на сите оние кои се подготвени да се соблечат и да уживаат во нудизмот. Обично туристите доажаат на оваа плажа да го поминат викендот сунчајки се.

Најпознатата нудистичка плажа во Англија се вика Studland Bay.

Write A Comment