Убавина

Најефикасната домашна маска за лице без акни

Медот е природен антисептик, ја навлажнува кожата без таа да изгледа мрсна. Циметот веќе илјада години се користи како пилинг кој ги стимулира порите, а оревите се добри за смирување на воспалената кожа. Сокот од лимон пак, ги отстранува мртвите келии од лицето.

Тоа се храните, кои ви требаат, за да направите домашна маска против акни.

Количеството е следно:

* три лажци мед

* едно лажиче цимет

* еден филџан ореви

* сок од лимон (ако е неопходно)

Подготовка на маската:

Во мал сад измешајте ги сите состојки. Мешајте додека смесата не стане густа и темно кафена. Потоа ставете ја во фрижидер.

Нанесете ја маската на лицето  и задржете ја половина час. Потоа исплакнете го лицето и ставете од кремата која ја користите.

Напиши коментар