Светки, крзно, чипка, металик, кожа… Само најлуксузното и најатрактивното за декемвриската парти сезона!
Издвоивме неколку парчиња кои се секој за себе но и сите заедно толку екстравагандни што ќе посакате да ги имате сите во својата колекција.
Секако, наша препорака е да изберете едно централно впечатливо парче како акцент и да го надополните со некој аксесоар, но бидејќи е во прашање Нова година и инспирација за стајлингот за најлудата ноќ, се толерира и малку претерување.
Затоа, слободно претерајте, како што направивме и ние во нашиот гламурозен избор за оваа сезона!