Motherhood

Најголемите мудрости во животот се раскажани во наједноставни приказни

Најголемите мудрости се прераскажани со наједноставните приказни! Затоа уживајте во највредните лекции на животот…

Пречките на нашиот пат

Еден крал поставил еден голем камен на патот. Потоа се скрил и набљудувал, за да види дали некој ќе го помести од таму. Богати трговци, како и големците на кралот минувале оттаму едноставно заобиколувајќи го каменот. Многу луѓе гласно го обвинувале кралот дека не ги одржува патиштата чисти, но никој не направил ништо за да ја помести пречката од патот.

Еден ден се појавил еден селанец, кој бил натоварен со зеленчук. Откако стигнал до каменот, тој го оставил својот товар и се обидел да го помести настрана од патот. По многу напори, конечно успеал. Откако селанецот го зел својот товар, забележал една торба која стоела на патот на местото на каменот.  Во торбата имало многу златници и едно писмо од кралот во кое пишувало дека златото е за човекот кој ќе го помести каменот од патот.

Селанецот научил она што многу од нас никогаш нема да го разберат – “Секоја пречка ни дава можност да ја подобриме својата благосостојба”.

 

Напиши коментар