Мода

Најлон чорапите денеска го слават својот 75-ти роденден!

Моќните најлон чорапи кои го променија женскиот и машкиот поглед на сексапилот и заводливостa, го слават својот 75. роденден.

Нивното производство започна точно пред 75 години.

Првите најлон чорапи се направени во американската компанија “DuPont”, кога се зборувало дека се направени од чудотворни влакна. Една година потоа, започнала нивната масовна продажба и тогаш повеќе немало назад. Било јасно дека е во прашање производ кој жените ширум светот ќе го обожаваат.

За усовршување и развој на овие чорапи заслужен е доктор Волас Каротерс. Првиот пар на најлон чорапи бил многу евтин и тие можеле да се купат за помалку од два долари, што е поприфатлива цена во споредба со свилените чорапи, кои тогаш можеле да си ги приуштата само богатите дами.

Write A Comment