Motherhood

Најневеројатната тајна на среќата

Долго се прашував што да ви напишам… Сакав да биде нешто посебно. Сакав да ви дадам нешто што ќе ви донесе вредност. Сакав, страшно многу сакав, да допре барем до еден човек и да му помогнам да донесе важна одлука.

И така дојдов до заклучок дека најдоброто што можам да го направам е да споделам мало искуство…

“Кога сум очен, се потсетувам дека во целата историја патот на вистината и љубовта секогаш победувал”.

Тоа се зборови на Ганди, но тие дојдоа при мене, откако сама го направив ова откритие за себе. Затоа избрав да го споделам моето искуство преку нив. Луѓе, во овие зборови е собрана најголемата, најневеројатната и наједноставната тајна на среќата.

Всушност, тоа воопшто не е тајна, но на некој чуден начин останува тајна.

Ако има нешто што сум разбрала за животот со апсолутна сигурност, тогаш тоа е дека вистината отвора врати. Дури и кога ги затвора! Ако има нешто што се стремам да избирам – секогаш, тоа е вистината. Ако има нешто на што сакам да ги научам најблиските, пријателите, нивните деца, а зошто не и во светот, тогаш тоа е да бидат доволно храбри за да се обложуваат на вистината. Затоа што понекогаш тоа може да е најтежок залог, но секогаш е безпшогрешен.

Вистината е патот кон довербата и љубовта. Единствениот пат!

Идејата дека се е многу комплицирано и испреплетено во нас така што многу често забораваме кој е единствениот начин да го добиеме она што навистина го сакаме. А тој е да бидеме искрени. Чесни прво со себе, а потоа и со другите.

И никој не рекол дека тоа е лесно. Дури понекогаш е многу тешко. Но ако има нешто потешко, тогаш тоа е да живееш во лага.

И за да ви бидам корисна, ќе ви кажам како јас ја барам вистината кога сум збунета. Многу едноставно – си замислувам како би погледнала на ситуацијата од перспектива на 20 години. Тоа ме ослободува од предрасудите, стравот и претераното размислување. Така успевам да погледнам трезвено на проблемот.

Бидејќи по 20 години, тие нешта немаат значење. Но она што оставило огромен белег врз нашите животи е дали сме го избрале патот на вистината, среќата и љубовта…

Ако некогаш не сте искусиле, пробајте! Ќе дознаете дека кога вистината зборува, чуда се случуваат.

Напиши коментар