Елитата во бизнисот со недвижнини во Холивуд објави дека палатата со 28 спални соби во Беверли Хилс е продадена за неверојатни 150 милиони долари, правејќи ја еден од најскапите домови во земјата.
Палата е можеби и премал збор за да се опише овој неверојатен имот, што е соединение од повеќе домови поврзани со мостови. Неколкуте градби, кои вклучуваат главна куќа и повеќе гостински куќички, се поврзани со мостови, со што оваа палата изгледа како да е излезена од Холивудските бајки.
Не се знае точно кој го купил овој неверојатно скап имот, но “Real Estalker” вели дека некој саудиски принц ја купил куќата во 1993 година за 1.875.000 од музичкиот продуцент Бурт Бачарач.
Мистериозниот сопственик го ангажирал познатиот архитект Ричард Ландри, за да создаде модерен, но топол дом, во стилот на претходните проекти на архитектот.










