Bridal

Најскапиот невестински букет на светот

Откако ви го претставивме најскапиот невестински фустан на светот, време е да се запознаете и со најскапиот бидермаер на светот. Овој бидермаер, кој е изложен на шестиот кат во хотелот Руби во Ханои, Виетнам, чини неверојатни 125 000 долари.

За изработка на букетот биле искористени скапоцени камења во бела и црвена боја. Скапоцените камења се симбол на вечната љубов, па самиот буќет со себе носи желба за долг живот на младенците.

Букетот содржи 90 скапоцени камења, 9 дијаманти и еден рубин во форма на ѕвезда. Овој букет го држи и рекордот за буќет со најмногу цвеќиња од скапоцени камења.

Напиши коментар