
Најновата британска студија покажала дека луѓето се најсреќни во својата 33-та година од животот. Повеќе од половина од испитаниците одговориле дека ткму во таа година биле најсреќни, им било најзабавно и дека тогаш најоптимистички гледале на животот.
Секој трети испитаник рекол дека за среќата најзаслужни се децата, а секој петти среќата ја препишал на работата и кариерата. Освен тоа, многумина изјавиле дека во 33-та имале многу помалку стресови и членовите на семејството тогаш биле најблиски.
33-та е голем пресврт во животот, сметаат психолозите. Тогаш завршуваме со сплетките и тинејџерските мисли, стартуваме посериозно и со поголем ентузијазам, поголема сигурност во себе.