Ломбардија е најнаселена и најбогата меѓу дваесте региони во Италија и е најразвиена во Европската унија..
На територија малку поголема од Словенија, живеат околу 10 милиони жители или приближно шестина од италјанското население. Милано е главен град на Ломбардија и е економска точка на Италија, а преку две петини од 200 најголеми италијански фирми, корпорации и банки, имааат седиште во тој регион.
Во нејзиниот шаренолик рељеф, каде преовладува рамнинината, има пладни долини, најголеми реки кои поминуваат се По, Ољо, Ада, Минчо, Тичино. Дополнително регионот го разубавуваат Алпите и ледничките езера Комо, Маџоре, Леко и Варезе..

