На бремените девојки и на оние кои се покрупно градени им е далеку потешко да изберат венчаница отколку било која друга задача поврзана со свадбата.
Без разлика дали сте бремени или сте само со покрупна градба, едно од стравувањата е дека најверојатно нема да изгледате убаво во венчаницата, заради бројните слоеви на тул и чипка.
Но, решивме да ве охрабриме и да ви покажеме некои примери дека може да бидете убава и елегантна, и да ги сокриете вишокот на килограми или пак да го облечете вашиот труднички стомак на најубав можен начин.










