Motherhood

Најубавите животни мудрости од една 90-годишна жена

Сите од нас сакаат да имаат среќен и убав живот, но понакогаш нештата просто не се случуваат онака како што сме ги планирале. Денес ќе споделиме со вас неколку животни совети кои ги напишала 90-годишната Реџина Брет.

“За да го прославам остарувањето, пред време ги напишав овие совети, на кои ме научи животот”.

–          Животот е многу нечесен, но и покрај тоа е убав.

–          Кога се сомневаш во нешто, просто направи го следниот чекор.

–          Животот е многу краток, за да не му се радуваш.

–          Работата нема да се погижи за тебе кога си болен. Пријателите и семејството ќе го направат тоа.

–          Секогаш биди верен на себе си.

–          Плачи пред некого. Тоа лекува повеќе, отколку да плачеш сам.

–          Чувај ја силата за нештата кои имаат значење.

–          Помири се со минатото, за да не ја срушиш иднината.

–          Не го споредувај животот со тој на другите. Навистина немаш идеја какво е нивното патешествие.

–          Ако една врска треба да биде тајна, ти не треба да учествуваш во неа.

–          Се може да се смени само за еден миг…

–          Фразата “Она што нема да те убие, ќе те направи посилен” не е само клише.

–          Навистина, некогаш е многу доцна да бидеш среќен. Но тоа зависи само од тебе и од никој друг.

–          Запали си свеќи, облечи се убаво. Не чекај посебен ден. Тој ден е денес!

–          Најважниот полов орган е мозокот.

–          Секогаш избирај го животот!

–          Простувај, но не заборавај!

–          Навистина не е твоја работа што мислат другите за тебе.

–          Времето лекува се. Дај си време.

–          Колку да е убава или лоша одредена ситуација, таа ќе се промени.

–          Верувај во чуда.

–          Децата имаат само едно детство, не го заборавај тоа.

Независно како се чувстуваш, стани, облечи се и покажи му на светот

Write A Comment