Мојата кујна

Највкусниот колач – Нутела

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

За тесто:

* 4 јајца

* 4 лажици шеќер

* 4 лажици мелени ореви

* 4 лажици чоколадо во прав

* 4 лажици брашно

* ½ пакетче прашак за пециво

Крем:

* 6 жолчки

* 500 гр шеќер во прав

* 350 гр маргарин

* 300 гр нутела

* 16 лажици ореви

* 2 пакетчиња ванилин шеќер

Останато:

50 гр чоколада за готвење

3 лажици масло за јадење

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

1.    Изматете ги јајцата заедно со шеќерот, чоколадата во прав, оревите, брашното и прашокот за пециво. Тестото поделте го на 3 дела и еден по еден поставете ги во плех поросен со брашно и печете на 200 степени 25-30 минути.

2.    Жолчките изматете ги на пареа заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер, додадете го маргаринот, нутелата, оревите и поделете ја смесата на 3 дела.

3.    Поставувањето оди по следниот редослед: кора-крем-кора-крем-кора-кремот да биде најгоре. Стопете ја чоколадата заедно со маслото и внимателно премачкајте го кремот од горе. Ставете ја тортата во фрижидер неклоку часа пред сервирање.

Write A Comment