ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
* 8кг исчистени пиперки
* 2кг излупен модар патлиџан
* 3л вода
* 2дл масло
* 0,5л оцет
* 150гр сол
* 200гр шеќер
* 5гр бибер во зрно
* 8дл масло
* 4-5 лути феферонки (по желба)
НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:
Во сад ставете вода, масло, оцет, сол, шеќер и бибер во зрно, додадете ги пиперките и варете се додека не омекнат. Извадете ги пиперките со помош на цедалка и во истата вода ставете ги модрите патлиџани да се варат. Кога ќе бидат готови, исто така извадете ги со помош на цедалка и ставете ги во посебен сад. Сварените пиперки и патлиџан измелете ги во машина за мелење месо. Се измешајте, додадете масло, лутите феферонки (по желба) и варете околу 3 часа.
