← НАЗАД НА БОЗА

Највкусните макарони со Бешамел сос и млад кромид

Највкусните макарони со Бешамел сос и млад кромид
1541 Читања

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

* 2 лажици масло

* 1 врска млад кромид

* 0,5 лажиче сол

* 500гр макарони

ЗА СОСОТ:

* 2 жолчки

* 2 чаши млеко

* 2 лажици брашно

* 30гр путер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  • Ги вариме макароните во солена вода. Го динстаме кромидот во маслото.
  • За сосот: го ставаме путерот во загреана тава за да се стопи. Го раствораме брашното во 150мл млака вода, за да стане каша. Повторно мешаме. Кога маслото ќе се стопи го додаваме во брашнестата каша, постојано мешајќи. На кратко ја повлекуваме тавата од оган. Го додаваме млекото и повторно го враќаме садот на ринглата. Мешаме постојано со дрвена лажица или шпатула. Треба да добиеме мазна и малку густа смеса. Откако “Бешамелот” ќе биде подготвен, го отстрануваме од огнот. Додаваме сол и ги додаваме двете жолчки. Мешаме со лажица додека се добие хомогена смеса.
  • Ги ставаме макароните во голем сад. Кон нив го додаваме издинсаниот кромид и “Бешамел” сосот. По желба ставаме и малку црн пипер.
  • Мешаме добро и сервираме додека се топли.

Коментари

© 2011 boza.mk | Дизајн - element.mk