Мојата кујна

Највкусните печени компири со кашкавал и сланина

Нема ништо полесно и подобро за загревање во ладните зимски денови од запечен компир !!!

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

600 грама компир

200 грама сланина

8 печени пиперки

200 грама кашкавал

Сол

Зачин

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

Сварете го компирот и потоа оладениот компир излупете го,  исечете го на листови (како за мусака) и посолете.

Излупете ги печените пиперки, исчистете ги од семките.

На дното на огноотпорниот сад наредете ги листовите сланина, над сланината листовите варен компир, врз компирите ставете ги претходно излупените пиперки и завршете со ленти кашкавал.

Печете 20 минути на температура од 200 степени Целзиусови.

Совет:

Можете да варирате со состојките во зависност за колку луѓе готвите.

Нема поедноставен начин да уживате во храната.

Напиши коментар